КУЛМИНАЦИЈА НА ПОЛИЦИСКА ТОРТУРА

0
667

На 01.12.2020 година полициската тортура кулминира до тој степен да се тепаат лица кои се на издржување на казна затвор, кои се тепани од полициски службеници од МВР, во службените простории во Затвор Струмица.

На 01.12.2020 година околу 09,30 часот, полициските службеници Петров Петре и Ангел Мастев од ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА СТРУМИЦА, отишле во Затворот за да достават Службен документ на лицето Јасмин Амедовски од Струмица кој е на издржување казна затвор.

Во Затворот односно во службените простории почнале да го тепат на лицето Јасмин Амедовски удирајки го со тупаници, при што од страна на чуварската служба во Затворот се пристапил кон отргнување на полициските службеници за да ги одвратат од продолжување со тепањето. По случување на настанот, настанот е пријавен во Свр Струмица од каде се превземени мерки за расчистување на случајот.

Ваквиот невиден случај на полициска тортура ги поминува сите норми на едно демократско општество, и наликува на тоталитаризам каде полициските службеници однесувајќи се како шерифи, ставајки се во улога над законот, понесени од моќта која и ја дава униформата се однесуваат диктаторски, однесувајќи се према лугето како безвредни предмети.

Ќе се стави ли конечно крај на ваквата полициска тортура. Ке се превземат ли конечно законски мерки против ваквите полициски службеници, за кои законите подеднакво важат и за нив со доследно спроведување на Законите, или и понатаму ке бидат оставени да се однесуваат како шерифи, користејки ја униформата за лечење на своите комплекси, однесувајќи се како улични насилници