СДСМ ШТИП: ДАЛИ ЈОРДАНОВ И ВД ДИРЕКТОРКАТА ГРАДАТ ДИВОГРАДБА?!

0
540

По вчерашната прес конференција на која обелоденивме факти за оваа фонтана која ќе никне на местото на веќе постоечката, Јорданов бегајќи од одговори, повторно го прашуваме, како тоа самопрогласената директорка и училишниот одбор на гимназијата, градат фонтана која ниту е во дворот ниту во катастарската парцела на самата гимназија? Ова е извод од катастарската парцела на гимназијата и како што може да се забележи ова место на кое се наоѓаме не е дел од имотот на гимназијата.

Апсурдот да е уште поголем , се гради со средства обезбедени за реконструкција на кровот на гимназијата, пренаменети за изградба на фонтанта на место каде веќе имаше постоечка фонтана. Дали Јорданов и вд директорката градат дивоградба? Дали Јорданов при увид на овие градежни активности планира уште пред да биде изградена фонтаната, да ја руши? Средствата на гимназијата треба да бидат наменети за училиштето , за подобри услови на учениците и вработените, а не да се инвестираат за градба на туѓо земјиште. Јорданов треба да постапи според закон и да ја сруши дивоградбата. Во спротива се е прикривање и селективна правда.