(ВИДЕО) Сугаревски: Вељаноски се плаши да закаже седница за пратенички прашања

0
1162

суга

Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на СДСМ, потсети дека поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но собраниска седница за поставување на пратенички прашања сè уште нема.

Тој ги праша Трајко Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ, зошто се плашат да свикаат собраниска седница за поставување на прашања од пратениците.

– Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но Владата на Емил Димитриев функционираше, барем официјално. Откако едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ самите ја повлекоа, според собранискиот Деловник Велјаноски имашеобврска да закаже седница за пратенички прашања, вообичаено, секој последен четврток во месецот. Но ВМРО-ДПМНЕ се плаши од граѓаните, се плаши од вистината. Очигледно и во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ знаат дека Владата на Емил Димитриев ги нема спроведено потребните реформи за кредибилни избори, за што беше избрана. Една од причините што се уште не се создадени услови за слободни, фер и кредибилни избори е тоа што Емил Димитриев одработуваше партиска агенда на ВМРО-ДПМНЕ, а не државна агенда – рече Сугарески.

Тој рече дека Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, Специјалното јавно обвинителство е под постојани опструкции, има селективна правда…

– Бараме седницата за поставување пратенички прашања да биде свикана во најкраток можен рок. Собранието има обврска да тоа да го обезбеди, а граѓаните имаат право да слушнат што работеле и што работат министрите на отворена, јавна седница – рече Сугарески.