СПАСОВСКИ ОД КАВАДАРЦИ : РАСЧИСТЕН Е СЛУЧАЈОТ ЗА ЗАКАНИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ ВО КАВАДАРЦИ, ДЕНЕСКА ПОДНЕСУВАМЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

0
464

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во однос на најавите за поставени екплозивни направи неколку училишта во Кавадарци, истакна дека целиот случај е расчистен.

„Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, информираше министерот Спасовски.