ПЕРО КАМИКАЗА КАКО КЛИМАКТЕРИЧНА ТЕТКА СО СЕРИЈА НАВРЕДИ ЗА ДАНЕЛА : ВМРОВЦИТЕ САКАА ДА ГЛАСААТ ЗА МЕНЕ, МИЦКОВСКИ НЕ ИМ ДОЗВОЛИ?!

0
536

Петар Георгиевски-Камиказа, кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка на опозициската Левица на последните локални избори напиша статус на фб, кој  го посвети на актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

Ќе почнам токму од сликава ,па кај ќе стигнам ќе видиме…Ме поздравува ,застанува до мене, се запознаваме и за неполни две минути ,тргнува нејзината мачна животна приказна.Дека малиот и имал канцер, дека три години воделе беспоштедна битка која за сега, ја добиле со сопругот….Нo, тоа не беше сe. Додаде дека и она имала сериозни здравствени проблеми, и дека токму затоа е голем подржувач на ова движење за борба на ракот против дојката и дошла да ги поддржи своите страдалнички.

Можете да замислите, јас да не можам да дојдам до збор?!Цели 40-на минути….Признавам, ја доби мојата наклонетост и од тој момент,така речи ме следеше во чекор на настапите по телевизиите, па праваше така речи исто ко мене(видлив пример,на дебатата кога излезе Шилегов во МРТ, па јас тргнав по него, истото го стори и Данела,за да по моето враќање во емисијата и дамата го стори истото!?Кражбата на програмата за изградба на саем, Луна парк, улицата од Драчево и многу други ги правдаше со тоа дека ете тоа можат да бидат заеднички?! И тоа на дебати, каде зборуваше пред мене, но ден порано откако јас ги образлагав истите….