МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ГО ВРАЌА АВТЕНТИЧНИОТ СЈАЈ НА ПОРАНЕШНИОТ ,,ХОТЕЛ СОЛУН” СО КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА ОД ВНАТРЕ И НАДВОР

0
217

Се враќа автентичниот изглед на Поранешниот „Хотел Солун“. Согласно проектот покрај конзервација, реставрација, санација и адаптација на објектот, предвидено е и обнова на ентериерот, опремување на просториите со мебел, организација на музички настан, обуки и други активности.

✅ Комплетно е уредено излетничкото место на локалитет Студена Вода.

✅ Реконструирано е игралиштето во спортскиот комплекс Соколана. Во следна фаза е планирана реконструкција на објектот и останатиот дел од спортскиот комплекс.

✅ Во тек е реконструкција на кровот на Спортската сала во Куманово. Следна фаза е обновување и уредување на внатрешниот дел од салата.

✅ Во тек е уредување на комплексот Спомен Костурница со изградба на амфитеатар, изградба на три нови спортски терени и трим патеки, поставување на опрема за вежбање и рекреирање.

🏣 Го враќаме сјајот на значајните објекти и локации за Куманово и Кумановци, а со овој тренд ќе продолжиме и во иднина.

#КумановоСеМенува
#КумановоКаквоШтоГоСакаме
#ЗаНашеКуманово
#ЗборотЕЗбор

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.