ТАСЕВСКИ : НАШАТА ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЈА ИМА НАЈСОВРЕМЕНАТА ФОРЕНЗИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА НА БАЛКАНОТ

0
527

Денеска, заедно со Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, и Премиерот на Република Северна Македонија г-дин Димитар Ковачевски, присуствував на настан каде беше поставен камен темелник на Полициската станица од општа надлежност Аеродром, во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, со што официјално отпочнува градбата на нов објект на оваа организациона единица.

Новата Полициската станица Аеродром претставува трет објект во низата нови градби на Министерството за внатрешни работи, по ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп, како и по најсовремената Форензичка лабораторија на Балканот во склоп на Одделот за форензички испитувања во кругот на МВР. Предвидениот рок за изградба на објектот е 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор, со вкупна вредност од околу 130.000.000 денари со вклучено ДДВ, предвидени од буџетот на Република Северна Македонија.