(ВИДЕО) Новиот зам.мин. за Земјоделство во одбрана на земјоделците – бара субвенциите веднаш да се исплатат

0
1416

Во програмата за директни плаќања во земјоделството  потпишана од Никола Груевски, јасно стои дека согласно календарот на исплата на субвенции за 2015 година, краен рок за почеток на исплата на субвенциите за  поледелците, производителите на добиточна храна и производителите на сончоглед и ориз требаше во октомври.
А овој месец треба да почне исплатата и на субвенциите за лозарите и овоштарите.

Тоа е виртуелниот свет на Никола Груевски кој и оваа година се обидува да манипулира со земјоделците и со парите кои им следуваат со закон.

Затоа сме во клучните ресори на владата. За да ги браниме интерсите на граѓаните, земјоделците, да ги спречиме злоупотребите и делењето субвенции  пред избори.
Субвенциите се државна мерка а не партиска и тие мора да дојдат до земјоделците тогаш кога им се најпотребни.

Бараме и инсистираме веднаш да започне исплатата на субвенциите за 2015 година!