МНР НА БУГАРИЈА СИНОЌА ГИ ОСУДИ ВЧЕРАШНИТЕ ИНЦИДЕНТИ ПРЕД И НА МЕЧОТ СО ШКУПИ – ЛЕВСКИ ВО СКОПЈЕ

0
320
Бугарското Министерство за надворешни работи вечерва соопшти дека остро ги осудува вчерашите инциденти во Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на фудбалскиот клуб „Левски“, а еден од нив беше тешко повреден.

Во соопштението се наведува дека повредениот бугарски државјанин во моментов е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операција во болница во Скопје.

-Изразуваме жалење што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните дејства за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент посочуваат од бугарското МНРОттаму уште еднаш ја нагласуваат „клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.