СТУДЕН ТУШ ЗА ВМРОВЦИТЕ : МИЦКОСКИ ПОДГОТВЕН Е ДА РАЗГОВАРА ЗА БУГАРИТЕ ДА БИДАТ ВНЕСЕНИ ВО УСТАВОТ КАКО И ЗА СТАТУСОТ НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ПОД ОДРЕДЕНИ УСЛОВИ

0
534

Брисел да даде јасна гаранција дека нема да има ново вето и дека ќе влеземе во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја остави отворена можноста да поддржат отворање на уставот но само во случај ЕУ да обезбеди гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека за време на пристапниот процес, Бугарија нема да стави нови вета.

„Нашата цел не е започнување на преговорите со ЕУ туку нашата крајна цел е да биде македонија дел од ЕУ. И ние сме подготвени за тоа да разговараме, да добиеме определени гаранции дека ова е посчледно барање , дека нема да бидеме дополнително предмет на вето, дека нема да бидеме предмет на асимилација.“ – изјави Мицкоски.

Во однос на најавите кои дојдоа од алијанса за албанците од каде велат дека ќе поддржат ставање на други народи во Преамбулата но само доколку албанскиот јазик стане официјален во земјата, Мицкоски вели дека тоа е непринципиелно и неевропски.

„Треба да разговараме и за нормата бадентер, за нормата балансер, да имаме еден фер систем во македонија каде што луѓето нема да напредуваат поради тоа што се дел од ненаква си бројка, квота или процент туку затоа што вредат.“ – изјави Мицкоски.

Од Алијанса за албанците вчера изјавија дека нема безусловно да го поддржи отварањето на уставот а еден од главните услови ќе биде тргање на 20% во делот на официјалниот јазици. Според в.д претседателот на партијата, Арбен Таравари,  ова не треба да се сфати како услов за Алијанса за Албанците да стане дел од владината коалиција.

Од СДСМ пак велат дека не веруваат во пораките на Мицковски.Според партијата, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ е против Европската Унија а тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси.