ПОПИСОТ Е НАША ЗАКОНСКА ОБВРСКА И МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ КАКО ШТО ТРЕБА, ЗАЕВ: НИ ТРЕБА ВАЛИДНА СТАТИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА ЗА ДА ГО ПЛАНИРАМЕ ИДНИОТ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА

0
326

Пописот е веќе договорен, тој беше одложен по барање на сериозен учесник во нашето општество, а тоа најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, така што оваа операција ќе се спроведе од 5-ти до 30-ти септември. Не размислувам за негово одложување, тој е наша обврска и наша должност” – рече премиерот Зоран Заев.

Тој ги отфрли претпоставките за ново одложување и покрај зголемениот број на заразени со короната и немањето доволен број на попишувачи досега.

“Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам до граѓаните. Примањата се од 25 илјади до 45 илјади денари за 25 дена анкетирање. Апелирам граѓаните, посебно во општините во кои што има дефицит на луѓе, да се пријават за да може на време да се заокружат сите бројки. Јас верувам дека ќе имаме доволно попишувачи. Пописот е статистичка операција која што е насушно потребна за сите наши економски планови и предизвици” – рече премиерот Заев.