ОВИЕ ИЗБОРИ ДОБИВААТ ПОДЕМОКРАТСКА ДИМЕНЗИЈА, ДИК: ДОСЕГА 15 НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И 30 НЕЗАВИСНИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ ГИ СОБРАА ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ

0
814

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница соопшти дека досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори и 30 независни советнички листи во различни општини.

До 30-ти август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици до недела ќе работат еден час подоцна, а на 30-ти август ќе работат до 24 часот.

Во тек е собирањето потписи на уште независни кандидати за градоначалници што не се завршени, како и на советничките листи.

ДИК соопшти дека заклучно со вчерашниот ден, вкупно 5164 лица се провериле во избирачкиот список. Од нив поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците и 4 барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

Јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори закажани за 17-ти октомври ќе трае до 9-ти септември.