РЕПРОДУКЦИЈА НА ВИДЕО СНИМКАТА КАДЕ Е ЗОРАН ВАСИЛЕВСКИ КОЈА СЕ ШИРИ ПО ТВИТЕР Е СОУЧЕСТВО ВО КРИВИЧНО ДЕЛО ДОДЕКА ОНОЈ КОЈ ЈА СНИМИЛ И РАЗМНОЖИЛ СНИМКАТА НА ВТОРО ИЛИ ТРЕТО ЛИЦЕ ПРАВИ КРИВИЧНО ДЕЛО

0
1563

Според позитивните прописи во Република Македонија неовластеното снимање, прислушкување и тонско снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик на РМ. Следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие простории може да одреди само судот како посебна истражна мерка според строго утврдени услови.(прочитај повеќе Во кои случаи судот може да нареди следење на комуникациите? )

Добиените податоци од ваквите истражни мерки се службена тајна и е забранета секаква дистрибуција и прикажување се со цел да се заштити  засегнатото лице, и да се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е уставно загарантирано.

Според Кривичниот законик на РМ како кривично дело против личните права е неовластено снимање во член 152. Според овој член тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Како отежителна околност, е доколку неовластеното снимање го стори службено лице, во тој случај се предвидени казни затвор од три месеци до три години.

За неовластеното прислушкување и тонско снимање предвидена е парична казна или затвор до една година, а доколку неовластеното прислушкување и тонско снимање го извршило службено лице тогаш е предвидена казна затвор од 3 месеци до 3 години.

Заштитата на овој облик на дело е пред се за заштита на приватниот живот, и спречување таквите снмки да бидат злоупотребувани од сторителот за различни цели, како што се уцена, нарушување на углед, изнуда и слично.