Saturday, May 24, 2025
12.8 C
Skopje

АГЕЛЕР : ИМАМЕ МНОГУ ДОКАЗИ И СЛУЧАИ ЗА АНЃУШЕВ

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска на средба со новинарите нагласи дека може со часови да набројува лица за кои Вашингтон се сомнева дека се вмешани во корупција.

Во моментот, како што рече, работат на неколку случаи и нема да објават санкции пред да имаат 100 процентни докази за лицата кои што ќе ги стават на црната листа.
-Половина од помошта што не беше за воени цели ја потрошивме за владеење на правото, а се покажа дека немаме поврат на таа инвестиција. Напротив, последната декада видовме многу значајно зголемување на корупцијата што беше разочарувачки за нас, рече Ангелер. Според нејзината оценка, таа во Македонија е на ниво на епидемија и ја има во секој сектор и во секоја организација, така што само со именување на корумпираните актери можат да почнат да и помагаат на земјата да се справи со тоа.

Според неа, по ставањето на Рамиз Мерко на црната листа лани во јуни, сите вакви одлуки биле дочекани без изненадување.

Но, имале реакции за ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, како и прашања: зошто тој.Таа не кажа за каква корупција конкретно станува збор и за кои случаи, бидејќи, како што нагласи, водат сметка за приватноста и на санкционираните.

-Анѓушев може да се жали и може да ангажира адвокат во САД. Знам за други санкционирани што имаа тимови на адвокати и се обидуваа да ги спорат одликите. Но, одлуката е донесена врз основа на значајна евиденција. Имаме многу докази и бројни случаи за него. Овде станува збор за прашање за отчетност, за одговорност за неговите акции, рече Агелер.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ