ЃОРЃЕ И МЕЧКИТЕ

0
1908

Штом влезе европски дипломат во земјава, Ѓорѓе одма легнува на земја и се прави мртов. Има логика, зашто во својата ЕУ-Сорос параноја, Ѓорѓе ги доживува европските дипломати како мечки. Одма паѓа мртов. Не е тука за мечката. Не е важно дали мечката дошла баш за него или сака да јаде друг, Ѓорѓе легнува. Пред мечка глупаво е да се правиш чатал. Ѓорѓе го знае тоа и се прави мртов, но штом мечката замине, добива акутни напади на храброст и почнува да се чатали: Кој се бе тие импотентни мечки што ми играат во дворот и ми се закануваат? Не им се плашам! Македонија е суверена! И јас сум суверен! Плукнат Ердоган! Да живее Ердоган!

Неговата храброст за да добие на цена и на гласност, веднаш во хор ја прифаќаат  ТВ Кочан и ТВ Латас и тука имаш: Браво за шефот на државата! Одби да ги прими во својот кабинет мечките таа и таа! Уште еден државнички потег на шефот на државата, кој со ќосевска дрскост им порача на европските мечки: Во Македонија нема зајаци, туку лавови! Ќе мора гладни да се вратите во Бриселската пештера, инаку ќе бидете изедени! Македонија до Вашингтон! Шефот на државата ова, шефот на државата она… Шеф на држава? Каков шеф и која држава?

Личност со нула интегритет и нула авторитет, тешко дека некому може да шефува, а со држава, ни на сон. Во нашиов случај, олеснителна околност му е што државата и не постои. Да постоеше и да беше во функција со сите нејзини институции, оние како Ѓорѓе и Груевски одамна ќе беа во затвор за своите недела. Тоа е. Во поглед на државата, што велат битолчани, ја љуфнавме. И не само што ја љуфнавме, туку и им докажавме на сите оние кои отсекогаш биле повеќе или помалку скептици кон Македонија како држава, дека биле ѓаволски во право. Денес нема таков сериозен странски политичар кој ја смета Македонија за држава. Ние може да се трескаме од земја до бесвест за тоа колку сме паметни, убави, храбри, големомудести и антички, ама џабе. Светот веќе нé прочита  дека сме неспособни да имаме држава по високи демократски стандарди, со сите нишани. Затоа, штом ни дојде јајцето на газот, европските и американските политичари свесни дека немаме капацитет проблемот да го решиме, не чекаат ни миг на нас, кризата да ја решиме сами, туку веднаш ги праќаат своите дипломатски мечки. Оти само од тие мечки се плашиме, колку и да се правиме храбри, глупи или мртви.

Целата колумна на актерот Сашо Тасевски може да ја прочитате на следниот линк ОВДЕ