ПО ВЧЕРАШНИТЕ ЖЕСТОКИ КРИТИКИ ОД ЗАЕВ, БОРИСОВ ДЕНЕСКА МЕНУВА ЛЕНТА: ДА ЈА ОСТАВИМЕ ИСТОРИЈАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ, ИМААТ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ РАЗБЕРАТ, ДАЈ НИЕ ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ ЗА ТОА ШТО Е ДЕНЕСКА БЕЗ ДА ГО НАРУШУВАМЕ ВАШИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ!

0
3455

Драстично нов тон во говорите на првенците во Софија по вчерашното обраќање на премиерот Заев кој со многу жестоки критики реагираше на ветото од Бугарија, при што одлуката на Бугарија ја нарече не европска, непријателска, не братска, стратешка грешка!

– Да ја оставиме историјата на историчарите, да не ги брзаме, нека се разберат наредните неколку години да не им правиме притисок, а вас како суверена земја никој не смее да ви се меша во јазикот и идентитетот, но да најдеме решение за сегашноста, многу сме близу до решение, идните генерации нема да ни простат ако не се договориме.

Бојко Борисов до Бучковски на денешната нивна средба.