ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА САМО ПАЛАТАТА НА АМДИ БАЈРАМ ВО БУТЕЛ ЗА КОЈА КРАДЕЛ СТРУЈА НА ДИВО!

0
5997

Ова е куќата на Амди Бајрам, лоцирана во скопски Бутел, каде со полициска асистенција ЕВН морала да му ја исклучија струјата откако претходно било утврдено дека крадел струја, на диво приклучувајќи се на мрежата.

Од ЕВН објаснуваат дека за една недела броилото кое се води на име на пратеникот Бајрам двапати било исклучено од мрежата. Првиот пат, минатата недела во четвртокот, затоа што имал неплатени сметки за струја – поради што екипоте го исклучиле. Но тој потоа на диво се приклучил, по што ЕВН повторно интрвенирала да биде исклучен, но овој пат бдејќи даал отпор била повикана и полиција.

„За сите корисници кога се констатира долг следи исклучување. Кај овој корисник е констатирано самоволно приклучување. Бидејќи имало отпор од корисникот, побарана е асистенција од полицијата. Во меѓувреме сметките се подмирени, а корисникот е повторно е вклучен“, велат од ЕВН Македонија.

Обидите да стапиме во контакт со пратеникот завршија неуспешно. Лицето кое се јавуваше на неговиот мобилен телефон ни рече да не ги вознемируваме, бидејќи Бајрам е во болница.

„Човекот е во болница како да ти даде информација кога е на преврски. Човекот не е здравствено добар вие го замарате со глупости“.

Го побаравме и дома но пред куќата не пречека лице кое ни рече дека пратеникот не е дома, туки е во партијата. Кражба на струја се смета за кривично дело во Македонија. Според последните измени на кривичниот законик, е предвидена затворска казна до пет години, но и парична глоба од 5.000 до 20.000 евра. Неизвесно е дали против Бајрам ќе има кривична пријава или ќе го заштити пратеничкиот имунитет.

Инаку, иако Бајрам има броило кое се води на негово име во анкетниот лист доставен до антикорупциска пратеникот нема пријавено куќа.

Извор : Телевизија24