Оливер ги апси ОЛОШИТЕ на Груевци ко ПИЛЦИ, МАМЕТО НИВНО ХОШТАПЛЕРСКО КРИМИНАЛНО : Градоначалникот и кандидат Блажо Велков со службено возило и изборен материјал УАПСЕН во Ново Село

0
2520

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.В (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично  дело „злоупотреба на службена положба и овластување“  по член 353 став 1 од Кривичниот Законик  на Република Македонија.Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Ново Село, дозволил на вработени од општината да управуваат службено возило без патен налог и во него да превезуваат изборен пропаганден материјал.

На 25.09.2017 година во 19.00 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, од страна на сообраќајна патрола, при редовна контрола било запрено патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Општина Ново Село, а управувано од лицето А.К. од Ново Село, вработен во општина Ново Село, а сопатници биле лицата В.К. и Е.П., исто така, вработени во општина Ново Село. Возачот  не поседувал патен налог за управување на службено моторно возило.

При извршената контрола било констатирано  дека во службеното возило имало изборен пропаганден материјал, кој го натовариле од печатница во Кочани за кандидати градоначалник на општините Ново Село, Босилово и Василево, од една политичка партија. За настанот бил известен  Јавен обвинител, а од страна на Судија на претходна постапка била издадена наредба за претрес на возилотот. При претресот, со потврда за одземени предмети, биле одземени 6000 плакати-изборен пропаганден материјал, а лицата биле лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител.

Извор : Ако.Мк