КУРТОН ОБРАЧУН КОД ОК КОРАЛА : ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ – ЈА ПОДДРЖАВ ИВОНА ТАЛЕВСКА ЗА ГАЌИТЕ ОД 500 ЕВРА А ТАА НЕ САКАШЕ ДА МЕ ОДБРАНИ ОД ОЈО

0
1354

Во изминатите две недели имав два немили настани.

Прво бев нападнат од обезбедувањето на Јордан Мијалков а завчера добив кривична од ОЈО за оддавање на службена тајна.

Добив поддршка од многу читатели, колеги, политичари и поддржувачи. Дури и претседателот на државата Стево Пендаровски ме поддржа, а ме поддржа и премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

Нападот го осуди и АВМУ. Особено ми е драга поддршката од еснафското Здружение на новинари (ЗНМ), но и од Синдикатот на новинари. Ова ми значи, ако се знае дека овие две организации ја надминаа суетата па и покрај тоа што во минатото сме имале несогласувања, сега излегоа во пресрет без никакви калкулации!

Не ме поддржа само Македонската асоцијација на новинари (МАН), која е предводена од Ивона Талевска и Драган Павловиќ – Латас.

Ова е очекувано, ако се има предвид дека медиумите на Талевска и Павловиќ се финансиеани директно од Мијалков и неговите кладилници МаксБет (видете банери) . Не можам ништо друго и да очекувам, на овие луѓе секогаш парите им биле поважни од било кој принцип.

Пуштаа соопштенија и сите како мрднати ги браневме кога затајуваа данок за гаќи, за сега да ги снема целосно. Ама еве, си знаеме сите дека таа организација е обичен фантом и ја сочинуваат само двајца луѓе и еден лаптоп.

Во овие моменти за принцип се обединија и најголемите непријатели па добив поддршка и од Геро и од Миленко, кои никако не можеш да ги ставиш во ист кош… Вториот секојдневно ме напаѓа, но му признавам дека зад принцип и тој овојпат застана!

И лево и десно се обедини за принцип, а на страна останаа само платениците!

Фејсбук статус на Љупче Златев.