Демант од Ристенка Атанасова (екс директорка на Домот за деца без родители 11 Октомври Скопје за сите обвинувања

0
2449

По објавената реакција од страна на МТСП до прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод разрешувањето на екс директорката на домот за деца 11-ти Октомври, Ристенка Атанасова во нашата редакција пристигна демант од екс директорката. Демантот на екс директорката на домот за деца 11-ти Октомври, Ристенка Атанасова ви го објавуваме во целост без никакви интервенции во текстот :

  1. За сите донации во Домот За Деца 11 Октомври Скопје се склучува договор за донација но не се склучува ако донаторот не сака да склучи бидејќи тоа е негово право. Пред моето прво вработување во установата паричните донации се примале во неограничен износ во кеш. Првата работа што јас како нов директор ја воведов беше донациите над 6000 денари да бидат уплатени на донаторска сметка која ја раководеше МТСП а тие донации под 6000 денари се примаа во кеш, за сите донации постои документ за што се наменети и потрошени секогаш за децата. Секој донатор добива потврда за што е употребена неговата донација. Сите донации и мали и големи се пријавуваа во МТСП. Јас како директор на установата неможев да имам никаков пристап до тие средства без истите да бидат одобрени најпрво од МТСП.
  1. Во врска со условите во установата мој приоритет беше од самото доаѓање да се подобрат максимално и истото го остварив со мое залагање за наоѓање на донатори и најчесто мои лични пријатели кои самите наоѓале што ке обноват во установата со нивните средства до кои немав никаков допир. Условите кога дојдов беа на најниско ниво и се обновија сите тоалети , се направија нови кујни , се реновираа сите прозори , се реновираше фасадата , се реновираа сите подови , се поставија нови машини за перење во сите тоалети , се набавија ЛЦД телевизори за сите станови во установата , се обновија душеците и креветите , се воведе Wi-Fi , се воведоа самсунг таблети за сите станови и лаптопи за децата да можат да пристапат на интернет за лични потреби и за потреби од училиштето, се зголеми џепарлакот на сите деца од 900 денари на 2000 денари месечно . Податокот дека МТСП дале 500.000 денари за реновирање е лажен. Во годишниот буџет министерството одобрува само 120.000 денари за реновирање и истите се искористени за реновирање и санирање на установата. Донаторските средства несмеат да се трошат за санирање бидејќи донаторите наменски ги даваа средствата и на мое барање да помогнат за санирањето реагираа дека тоа е работа на државата.
  2. Сметката која е објавена за часовниците е направена за набавка на 5 часовници за 5 матуранти како подарок од установата за нивното матурирање и не е помината од магацин бидејќи им е директно подарено на децата. Сметката за фстаци и лешници е набавка за нова година кога установата има прием на повеќе донатори и истата мора да биде подготвена да ги послужи со минимално (апетисани) донаторите и не е помината низ магацин бидејќи магационерот е со работно време до 15 часот а гостите доаѓаат и потоа. Сметката од набавката на алкохол е почастување на директори кои дале попуст за хотелското сместување на децата. Повисоките телефонски сметки се случувале само кога сум била на службено патување во странство и сум морала да бидам достапна во секое време и информирана за се што се одвива во установата и исто така паркингот на службеното возило е платен од телефон за кое МТСП не ми даде посебна субвеција. Скапиот телефонски апарат е земен како субвенција од владата на Република Македонија и се отплаќа месечно на договор а не е земен од други средства . Во моите мандати сум додавала дополнителни часови кога сум останувала на работа повеќе од работното време и во празниците и тоа е законски.
  3. За време на моите службени патувања како самохран родител не сум имала каде да го оставам моето дете и сум го земала со себе на некои од моите патувања и истоимено сум му ги платила сите трошоци за превоз и престој од мои приватни средства и не претставувал никаков терет на установата.
  4. Вработените кои биле прераспоредени се од причина што голем број на вработени воспитувачи беа на боледување или на одмор а во нашата систематизација постојат воспитувачи со средно образование .
  5. Отстранетата самохрана мајка беше ангажирана под договор за дело и кога се отвори јавен конкурс комисијата избра нов кандидат а истата си најде вработување во Министерството за Образование и Наука. Јас немав никаква улога во изборот на кандидат.
  6. Должност на установата 11 Октомври е да му овозможи на секое полнолетно дете превоз за да може да гласа на избирачкото место кое му стои во личната документација и јас како директор тоа го направив кога разговарав телефонски со многу организатори на изборите бидејќи установата е исто така и избирачко место , јас не делував на децата во врска со нивното гласање бидејќи тоа е нивно право.
  7. Пред да дојде министерката Ременска сум имала 3 финансиски ревизии на кои не е најдена никаква нерегуларност и повеќе санитарнии инспекции во кои се што недостигало е санирано и превземено од моја страна.
  8. Стаклената градина во дворот на установата е донација од Охридска Банка која истата сама си најде изведувач и самата одлучи што да прави со средствата со кои јас немав никаков допир. Таа градина беше уникатна идеја децата да можат да јадат здрава храна и функционираше во текот на мојот мандат.
  • Џепарлакот на децата им е делумно одземен кога децата ке направат штета во домот и тоа им служи нив како дисциплинска мерка и истите средства (500 денари) се користат за поправка на штетата а останатото во вредноста на штетата нормално е да се покрие од буџетската сметка.

Јас како екс директор имам должност да докажам дека мојата работа сум ја извршувала прописно и законски и сум направила вистински реформи во установата. Се што се случило по моето разрешување не е моја одговорност , и е показател дека вработените во установата не работеле со децата за тоа што сум го допринела да го сочуваат. Навистина сум шокирана од фактот дека сите овие аргументи се пласирани од сегашната В.Д. директорка на установата и сето тоа е местенка. Јас сум самохрана мајка и во моментов сум без никакво работно место , и покрај сето тоа јас треба да сум жртва на лажни обвинувања од страна на плитки луѓе и ми е жал што немам допир до документацијата за мојот аргумент да го докажам со факти и само можам да ги испратам фотографиите кои се доказ дека домот во текот на моето раководење бил во беспрекорна состојба.20471906_10210704376101817_1160021121_n 20428436_10210704378581879_717327539_n 20496089_10210704378541878_1011258333_n 20526508_10210704378341873_293045459_n 20464607_10210704378061866_2017008071_n 20472240_10210704377701857_1579266163_n 20428401_10210704377461851_419578939_n 20496095_10210704377101842_1498868631_n 20428450_10210704376901837_832096853_n 20472119_10210704376861836_1973877268_n 20464438_10210704376741833_928380262_n 20472045_10210704376221820_1078686597_n