АИР, ДА НЕ ВИДАТ!

0
1574

Моја претпоставка е дека Груевски вложи толку многу при изборот на претседател на СПУКИМ, плашејќи се дека ако дојде некое дете кое не го контролира, или евентуално некој студентски лидер кој е од анти-режимска провениенција, опозицискиот фронт ќе добие на УБОИТОСТ. Од причина што токму студентите секогаш биле најактивен двигател на промените и токму тоа може да превагне и да одигра клучна улога во решавање на политичкава криза во која што западнавме.

Или со други зборови, токму студентите би можеле да и го зададат последниот фатален удар на реал-мафијашки ориентираната врхушка на ДПМНЕ. Се плаши тој од таа студентска енергија.

Но, се плаши и од своите досега сторени (не) дела.

Мојот впечаток од бомбите на Заев е дека тие по телефон го разговарале само ИТНИОТ криминал. Нешто што не трпи одлагања. Како на пример… Кинезите и чинам 15 милионската проивизија. Тие сабајлето си одеа; Рушењето на космос ИТНО. Треба тековно да се диригира; Гласачите од Пустец; Криењето на смртта на Мартин; Други итни ствари околу изборите и надвор од изборите.

Натенане криминалот готово и да не го приметив во бомбите, а судејќи по сè до сега, мене ми мириса дека И ТОА КАКО ГО ИМА!

Кога не морало да се брза веројатно одбирале други начини на комуникација и договарање. Дотолку повеќе што и низ разговорите што ги слушнавме се приметиува дека не се баш комотни кога разговараат по телефон, а слушнавме дека разговараат (и ако тоа звучеше наивно и смешно) и во шифри..

Тој евентуален, НЕ ИТЕН криминал кој јас го слутам, а не го слушнавме во бомбите, тие сега можат да го кријат.

НО НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГО КРИЈАТ, АКО ПАДНАТ ОД ВЛАСТ!

ЗАТОА СЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ВОЗНЕМИРЕНИ!

Тоа е по мене причина плус зошто вака БЕЗОБРАЗНО пуштаат пипци и ги зацврстуваат истите во сите пори на општеството.

Нашиот народ вели, кога ќе падне глувчето во кофа со млеко, од немајкаде ќе прета, ќе прета, да згрутчи топче од млекото, за од него да скокне и да се спаси…

Тоа е по мене причина плус зошто се вака ИСПЛАШЕНИ и одбираат строго ПОЛТРОН-ДИЛЕТАНТИ И БИТАНГИ по разно разни институции, кој што ќе можат да ги управуваат и на кои што ќе можат да им веруваат.

Мора да се борат и тие сироти, западнаа во сопствената каша. А парите што ги направија нема да можат да им видат АИР.

АИР, ДА НЕ ВИДАТ!

Од фан пејџот на Зоран Јовановски