Куманово: Почина детенцето што беше намерно прегазено со неговите родители

0
1411

Почина четиригодишниот Алмир од Куманово, кој пред неколку дена беше прегазен со неговите родители, пред Здравствениот дом Куманово, поради банална расправија на неговите родители и еден кумановец.

Возачот на мерцедесот, Б.И. од Куманово е во притвор и против него обвинителството покрена обвинение за „убиство во обид“.

Несреќата се случи минатата сабота околу 22.30 часот, кога родителите со Алмир заминале на лекар. Во Здравствениот дом биле Б.И. и негова пријателка, при што настанала расправија кој прв да влезе во ординацијата.

Кога тргнале накај дома, на улицата настанала физичка пресметка помеѓу роднини на двете семејства, по што Б.И., со својот мерцедес удрил во родителите и детето.