СДСМ: Од каде и се на „Република” милионските приходи?

0
1221

Приходи-Република1-685x245

„Република” и останатите медиумски курири на уредникот Никола Груевски не кажуваат од каде им се милионите на нивните сметки.

На кој начин провладината„Република“ се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра?

Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Зошто и „Република“, како и „Курир“, молчи за милионските приходи?

Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.

Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Кои други портали имаат милиони на своите сметки и што се крие зад милионските приходи на провладините медиуми?

Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Jавноста со денови очекува одговори како „Република“ се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ.