СОЛАРЕН ПАРК ОД ФРАНЦУСКА ФИРМА ВО ИЗНОС ОД 270 МИЛИОНИ ЕВРА, ЗАЕВ: АКИО ЕНЕРЏИ ЌЕ ИНСТАЛИРА ВКУПНА МОЌНОСТ ОД 360-400 МЕГАВАТИ ВО ШТИП

0
1037

“Северна Македонија ќе добие соларен парк ☀️, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 360 до 400 MW. Ова е досега најголема инвестиција за македонската економија во овој домен, вредна околу 270 милиони евра, на француската компанија “Акио Енерџи”.

Соларниот парк Стипион ќе се гради во текот на 2022 година на локацијата која беше предвидена за изградба на карго аеродромот во Штип на површина од 452 хектари.

Инвестицијата е директна придобивка од реформите во енергетскиот сектор спроведени токму од оваа Влада. Пред сѐ, би сакал да го потенцирам донесувањето на Законот за енергетика комплетно усогласен со европските директиви, донесувањето на Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година базирана на политиката на ЕУ за енергија и клима, како и Законот за стратешки инвестиции.

Вложувањето во енергетиката над 30 години беше занемарено, а инвестициите сведени на минимум. Оваа Влада како ниедна до сега вложува во енергетиката и направи амбиент за инвестиции во обновливи извори на енергија и користење на природните ресурси, сонцето, ветерот, водата – за производство на електрична енергија.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ