“Ако не беа мерките кои ги донесе Владата за поддршка на компаниите, граѓаните и на економијата, падот на БДП минатата година ќе изнесуваше 8,7%, а не 4,5%” – рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата посветена на збирниот ефект од четирите пакет мерки, реализацијата на буџетот, информација за тековните економски движења, како и за очекувањата за оваа економска година.
“Досегашниот ефект од четирите пакети мерки е 860 милиони евра, односно степенот на реализација е 82% во однос на она што беше планирано” – рече Заев.
Тој појасни дека првиот пакет мерки е реализиран со 91,1% од планираното, вториот пакет е целосно реализиран, третиот со 75,4 % и четвртиот пакет 72,7%.
“Треба да се има во предвид дека некои од мерките од третиот и од четвртиот пакет се’ уште се реализираат и можно е на крајот нивната реализација да достигне 99 отсто” – рече Заев.
Тој појасни дека доколку не била поддршката на граѓаните и на компаниите падот на приватната потрошувачка ќе изнесувал 11,8% наместо 5,6%.