РУСИНКА ОД НВО ЦЕНТАРОТ ВО НИШ ФАТЕНА НА ДЕЛО КАКО ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ : ЛАЖНА „СРПСКА МАЈКА“ ОД ГЕРМАНИЈА НАВОДНО ПЛАТИЛА КАЗНА ОТКАКО ОДБИЛА ДА ГО ОБЛЕЧЕ СВОЈОТ СИН ВО ФУСТАН

0
839

Со денови на социјалните мрежи кружи видео од наводно српска мајка од Германија, која платила казна бидејќи не сакала да го облече својот син во фустан и да го однесе на училиште, пишува српска Нова.

Во видеото таа раскажува како добила писмо од Министерството за образование во таа земја дека девојчињата треба да се облекуваат во „машки одела“, а момчињата во фустани за да доаѓаат на училиште, се со цел да им се даде до знаење на децата дали се машко или женско.

Со оглед на тоа што на учителката и рекла дека не сака да го облече синот во фустан, платила казна од 263 евра, вели оваа жена во видеото, па затоа решила да се врати во Србија бидејќи не сакала да живее така.

Сите оние кои го погледнаа видеото си ги поставија истите прашања: „Која е оваа жена?“, „Во кое училиште оди нејзиниот син“, „Дали навистина министерството им поставува вакви барања на училиштата“… Оние што се упатени во германскиот образовен систем биле сигурни дека се работи за лага.

А потоа на Твитер, Драган Шормаз, член на Главниот одбор на Српската напредна странка, сподели видео од споменатата жена со краток опис за неа:

„Оваа „мајка Србинка“ од Германија е всушност Русинка од хуманитарниот центар во Ниш! Таа веќе ја напушти Србија во страв од апсење на барање на Германија поради лагите што ги кажа во клипот што кружи на социјалните мрежи!“

Многу луѓе на социјалните мрежи се изјаснија дека снимката е исценирана, а еден од нив беше и новинарот на Дојче веле, Немања Рујевиќ, кој целата ситуација ја нарече „идиотизам“.