ВИДИ ЧУДО: ГО ЗАБОРАВИ ЛИ ХИПО ПИСМОТО ДО ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ ВО КОЕ АПЕЛИРАШЕ ИМЕТО ДА СЕ РЕШИ ШТО ПОБРЗО?!?!

0
3126
Хипо Пешевски испрати писмо  до идниот лидер на ВМРО ДПМНЕ пред една година, и во тоа свое писмо тој се заложи за брзо решавање на проблемот со името. Сега се појави на прославата на роденденот на ВМРО ДПМНЕ во друштво на луѓе кои водат хајка против пратеници кои гласале за решавање на името?!?! Па добро бе, има ли малце морал во тоа десничарската багра?!
Еве мал исечок од тоа километарско паламудење пред една година:
Сега ќе се осврнам на некои прашања кои се однесуваат на случувањата надвор од нашата партија. Ќе започнам од најгорливото прашање, а тоа е процесот што следи во однос на преговорите за името на нашата држава. Треба да настојуваш да бидеме колку што е можно поактивно вклучени во овој процес, односно да не дозволиме да ни се сервира решение на принципот „земи или остави, со вас или без вас“. Иако е очекувано да опстоиме како партија на нашите традиционални цврсти позиции, сепак треба да бидеме мудри и да го препознаеме историскиот момент и шанса која се чини ни се укажува како земја. Да покажеме дека можеме да бидеме и ние дел од решението. Историјата ќе покаже дали можело овој проблем да се реши порано или подобро, но сега е многу поважно да се реши што поскоро. За мене лично долги години, и пред да се бавам активно со политика но и подоцна, ми беше нејасно зошто за најважниот проблем кој со години го имаме како земја, беа одвојувани скромни ресурси во смисла на финансиски средства и луѓе.
 
Второто вонпартиско прашање кои според мене е најважно за иднината на Македонија е статусот на меѓунационалните односи, пред се помеѓу Албанците и Македонците. Обиди се за ова прашање да се поставиш како државник. Размислувај 30-40 години во иднината, бидејќи стратешките прашања се решаваат со визија, а не со дневна политика. Иако како партија имаме направено повеќе за унапредување на правата и на животот на обичниот Албанец кој живее во Македонија од било која друга партија (било македонска, било албанска), сепак реалноста е дека над 90% од Албанците имаат негативен став кон ВМРО-ДПМНЕ. Има причини зошто е тоа така и зошто треба да се обидеме да го смениме. Треба да размислуваме како да ги уредиме меѓусебните односи од перспектива на членка и на НАТО и на ЕУ, кога границите помеѓу нас и соседните држави ќе бидат од обичен, административен карактер. Од тоа стојалиште, што порано се заложиме за целосна еднаквост во општеството (и во правата, но и во обврските кон државата), толку побрзо ќе успееме да се трансформираме во граѓанско десничарска партија која ќе има членови од сите делови на македонскот општество.
 
Потребно е да почнеш да ги зацврстуваш темелите на мостовите кои ги градевме во минатото со меѓународната заедница, а кои во моментот се сериозно разнишани. За жал, во моментов свесен си дека перцепцијата за нашата партија кај голем дел од релевантните меѓународни фактори не е поволна. Историјата за жал не беше добар учител за нас на ова поле. Сигурен сум дека знаеш дека за една мала земја, политичката умешност се состои во тоа како да успееш сопствените национални интереси да ги протуркаш покрај интересите на големите супер сили. Не секогаш во реалната политика владеат принципите на фер и правичност, но тоа е главната карта на која малите земји треба да инсистираат, но пред се преку сопствен пример на коректност кон оние послаби од нив, а не со инаетење и лутење.
 
Во однос на медиумите ќе треба да најдеш начин како да изградиш коректен однос со овој сегмент од општеството на принципи малку поразлични од оние кои ги применувавме до сега. Немој да градиш однос од типот „ако не си со мене, тогаш си против мене“. Ни треба транспарентност и неселективност. Ќе треба да се навикнеш да даваш одговари и на тешки и несакани прашања. А ќе ги има, и ќе ги има многу особено за тоа што се случувало изминатите десет години. Ќе треба да си спремиш одговори кои нема да бидат лесни за кажување. Ќе мора да се соочиме со нашите грешки, колку и болно тоа да биде за некои од нас.