МОБ БЛОКИРАНА ПОРАДИ ДОЛГ КОН ЕВН ОД 2012-ТА ГОДИНА КОГА МИНИСТЕРКА БЕШЕ БЕТИ КАНЧЕСКА ОД ВМРО ДПМНЕ?!

0
495

По исклучувањето на Националната опера и балет, а и високите сметки што скокнаа по растот на цената на електричната енергија се отвора прашањето, колку од културните и останатите вакви институции имаат неплатени сметки и долгови. Речиси нема театар што работи рентабилно. Надлежните велат дека се запознаени со состојбите, а бараат начини со „прекројување“ на сопствениот буџет да ги подмират договите на сите институции кои се под капата на Министерството за култура.

-Министертсвото за култура изготви анализа за проектираната идна финансиска состојба во однос на сметките за електрична енергија на националните установи од областа на културата. Со оглед на зголемените цени на електричната енергија, и повисоките сметки кои доспеваат во установите, Министерството за култура бара начини да обезбеди непречено одвивање на работата на установите и редовно подмирување на сметките за комунални услуги вклучувајќи ги и сметките за електрична енергија.- Министерство за култура

Инаку во четвртокот се изгаснаа светлата на Националната опера и балет. Струја нема, сметката е блокирана, но сепак сега никој не прави проби таму поради колективните одмори на уметничките ансамбли.

-Националната опера и балет е во мрак поради тоа што сметките за струја кон ЕВН не се платени веќе пет месеци, а причината за ова е блокирана сметка за друг долг стар десетина години, е околу 60.000 евра.

Надлежните од НОБ во телефонски разговор за Канал 5 појаснуваат дека извршното решение поради кое им е блокирана сметката се однесува за судки спор од пред десетина година откако на националната телевизија била емитувана балетската претстава „Македонска повест“ на Глигор Смокварски, за што од опера и балет тврдат дека не дале дозвола.

Во однос на неплатените сметки за струја пак од ЕВН за Канал 5 велат дека снабдувачот за електрична енергија на Националната опера и балет, ЕДС, побарал институцијата да биде исклучена.