Жерновски им подари пакетчиња на децата со Даунов синдром

0
885

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, традиционално, пред Нова Година, ги посети и се дружеше со децата од Центарот за деца со Даунов синдром.

На децата им подари пакетчиња и им посака среќа и здравје во новата 2016-та година.

Тие, како што рекоа, од својот најверен Дедо Мраз, посакаа уште многу вакви средби и една желба, која ќе им биде наскоро реализирана, заеднички да го гледаат и навиваат за КК „Работнички“.