Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска за можни тајни средби меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека нејзиниот претседател нема зошто да се среќава со Груевски.
Таа во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М ги негира гласините за средба на лидерите пред неколку дена. Шеќеринска вели дека овие информации доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и имаат за цел да предизвикаат раскол во парламентарното мнозинство.
Во емисијата таа кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се обидувало и сè уште се обидува да добие амнестија и дека од време на време такви сигнало испраќале до СДСМ.
Додава дека независно од конкретните предлози за амнестија, тие нема да ја решат политичката криза.