ЌЕ ИМА БЕСПЛАТНИ СЕНЗОРИ ЗА МЕРЕЊЕ ГЛИКЕМИЈА ЗА 500 ДЕЦА, ФИЛИПЧЕ: ВЕЌЕ НАБАВИВМЕ КВАЛИТЕТЕН ИНСУЛИН ЗА СИТЕ ДИЈАБЕТИЧАРИ

0
1122

“Моја лична заложба од почетокот на мојата работа како министер е лицата со дијабет што полесно и поквалитетно да го живеат животот и да обезбедиме превенција која е многу важна.

Во ова успеваме, обезбедивме инсулин со врвен квалитет за сите пациенти, а особено ги подобруваме условите за децата со дијабет.

Во тек е постапката за набавка на сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта кај деца. За првпат 500 деца ќе добијат бесплатни сензори за мерење на гликемија. Веќе следната година, со нова програма ќе се зголемува и возрасната граница и моја заложба е вакви сензори со тек на времето да обезбедиме за сите пациенти.”

– ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ