ТРЕНЧЕВСКА : ОПРЕМАТА ЗА ГРАДИНКАТА ВО ТОЧИЛА Е ДОСТАВЕНА, ОСТАНУВА ОПШТИНА ПРИЛЕП ДА ГИ ОТСТРАНИ НЕДОСТАТОЦИТЕ И ДОВРШИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ДА СЕ ОТВОРИ ДО КРАЈОТ НА ЛЕТОТО

0
467

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска направи увид на новата детска градинка во населеното место Точила во Општина Прилеп.

Новиот објект ќе функционира во состав на Јавната установа за деца – детска градинка „Наша иднина“  и истиот ќе биде со капацитет за 252 деца.  Оваа детска градинка е дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика. Опремата како инвестиција на Министерството за труд и социјална политика е во висина од  9.288.202 денари, додека градежниот дел е финансиран од Општина Прилеп.

„Со испораката на опремата, Министерството ја исполни својата обврска од Договорот за набавка на опрема во предвидениот рок. Како што можевме да видиме при увидот опремата е пристигната и примена и со тоа завршува опремувањето на објектот. Останува од општината да се коригираат оние недостатоци кои се забележани од страна на архитектите и верувам дека до крајот на летото ќе можеме да ја отвориме,“ истакна Тренчевска.

Министерката изрази уверување дека со новите 13 градинки кои се во завршна фаза во државата ќе се зголеми дополнително опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование.

Тренчевска посочи дека во меѓувреме одговорните лица од градинката треба да достават нова систематизација вклучително со новиот кадар за градинката со цел непречено одвивање на предучилишниот процес.

Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчевски посочи дека,  капацитетот од 252 деца во организирани во 13 занимални обезбедува сите деца да бидат уредно згрижени. Тој се осврна и на значењето на градинката во смисла на задоволување на потребите на граѓаните на Општина Прилеп, за сместување  и згрижување на нивните деца во предучилишни установи. Тој истакна дека периодот што следи ќе се работи на отстранување на забележаните недостатоци и довршување на градежните работи.