Покрај работата на мостот „Михајло Апостолски” на бул. АСНОМ, започнуваме со работа и на уште еден мост кој ќе поврзе два дела од градот. Новиот мост Љубљанска ќе се протега на вкупна должина од 940 метри, поврзувајќи ги ул. Илинденска и ул. Скупи, а се очекува да биде готов во наредните 18 месеци.
Самиот мост значително ќе го забрза и олесни движењето на сообраќајот, а со широчина од 24 метри и 4 коловозни ленти, вклучувајќи и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, мостот Љубљанска е архитектонско решение што ќе биде првиот висечки мост во Скопје кој ќе овозможи непречено функционирање на сообраќајот и намалување на метежот во овој дел од градот.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.