Третман за лице со сок од лимон

0
1524

Лимоните не се здрави само како намирница што ја консумираме, туку се одлични и за потребите на убавината. Лимонот е богат со витамини и минерали, а особено со витамин Ц, магнезиум и калиум кои и помагаат на нашата коса и кожа. Свежиот сок од лимон е одличен за пилинг и за отстранување на дамки од кожата.

 

Состојки:

– 2 лажици павлака
– 1 лажица свеж сок од лимон

Помешајте ги двете состојки во една чинија и нанесете ја смесата на лицето. Почекајте 20-30 минути и исплакнете го лицето со млака вода. Оваа маска ја зацврстува кожата и ги отстранува дамките од кожата. Повторете го третманот два до три пати неделно, а доколку сакате, можете и повеќе пати.