(ТРАОРНА ФОТОГРАФИЈА) АНИМАЛИЈА АЛАРМИРА : СПАСЕТЕ ГО МАЛЕЧКОТО СРНЧЕ ВО ПРИЛЕПСКОТО МАЧИЛИШТЕ НА МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ КОЕ ЕДВАЈ ПРЕЖИВУВА

0
1321

Ситуација мачилиште на животинки. Во Прилеп. Кај Могилата на непобедените, импровизација на зоолошка на која и името не и` соодејствува – „Рајска градина“. Што ли тоа има рајско во ова погубие на животни, алармира Аномалиа, Здружение за животни поддржано од граѓани на Фејсбук.

„Дознаваме дека повеќе пати граѓани љубители на животните се жалеле за оваа немила глетка во метро на метро затворени животинки. Прилепчани кои алармираа велат дека никој не му можел ништо на своеволието на градоначалникот кој си правел што тоа сака и не есапел никакви закони. Колку болно, колку нечовечно, до кога за вакви нешто ќе сведочуваме и зошто ли вакви нешта воопшто мора да ги има“, се вели во Фејсбук статус на Аномалиа во кој се алармира љубителите на животните да помогнат да се спречи ова малтретирање во импровизираната зоолошка градина во Прилеп.