(ВИДЕО) МВР го утврди идентитетот на полицајците кои тепаат Ром, случајот ќе го испитува внатрешна контрола

0
812

Откако на социјалните мрежи се појави видео како полицајци тепаат човек, кој според пишувањата бил Ром, Министерството за внатрешни работи соопшти дека идентитетот на полицајците е утврден и случајот ќе го испитува внатрешна контрола.

-Во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, Ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од МВР.