АЛИЈАНСАТА Е УБЕДЕНА ДЕКА ЌЕ СЕ НАМЕТНЕ КАЈ ГЛАСАЧИТЕ НА ЛОКАЛНО НИВО, ЗИЈАДИН СЕЛА КОН СДСМ И ДУИ: НЕ ОДЛОЖУВАЈТЕ ГИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, СЕКАКО ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ

0
911

“Изборите треба да се одржат на 17-ти октомври според Уставот и овој датум е наш предлог” – велат од Алијанса за Албанците.

“Алијансата за Албанците е спремна да победи на избори кога и да се одржат тие. Не гледаме основна причина за одложување на датумот, но и најавите за ситуацијата со пандемијата не одат во прилог на одложување на изборите. Го разбираме и стравот на партиите од власта кои бараат начин да купат време со надеж дека нешто ќе се промени. Ние им велиме на СДСМ и на ДУИ: Изберете го датумот кога сакате да изгубите” – е ставот на партијата на Зијадин Села.