Народниот правобранител Иџет Мемети денеска бил спречен да зборува во парламентот на седницата за ребаланс на Буџетот, пренесе порталот Нова повикувајќи се на извори во парламентот. Од канцеларијата на правобранителот за Нова го потврдиле инцидентот, но одбиле да го коментира.
Правобранител сакал да се обрати пред пратениците бидејќи со ребалансот власта решила да скрати од буџетот на институцијата 4 милиони и 236 илјади денари од тековната 2015 година.
Службите на парламентот му пристапиле пред почетокот на седницата и му рекле дека нема право на збор оти на ваков тип за седница за ребаланс не било законски да зборува пред народните избраници. Правобранителот се обидувал да објасни дека такво нешто не е според законот и дека ова не е прва седница за ребаланс на буџет на којашто тој зборувал. Им посочил да ги погледнат стенограмите од 2012 година кога тој, исто така, зборувал пред пратениците на седница на ребаланс кога на институцијата со која раководи и ги крателе средствата.
Откако не успеал да се објасни, тој си заминал од парламентот.
По некое време, службите оттаму почнале да му звонат и да го викаат да се врати назад бидејќи увиделе дека погрешиле и дека сепак би можел да се обрати. Народниот правобранител не се вратил, а од канцеларијата велат дека се зачудени од односот во Собранието.
Текстот во целост прочитајте во тука