ФАТИМЕ Е НОЌНА МОРА ЗА ПАТОРОТ: Груевски задоцни на „шамарите во Центар“, Фетаи веднаш побара да биде приведен!!!

0
1210

Груевски задоцни на „шамарите во Центар“, Фетаи веднаш побара да биде приведен

Обвинителката Фатиме Фетаи побара обвинетиот експремиер Никола Груевски присилно да биде приведен откако не се појави на време денешното рочиште за случајот ,,шамарите во Центар”. Само 5 минути по барањето на Фетаи, Груевски подзадишан се појави во судницата.

Обвинителката Фетаи исто така побара да биде раздвоена постапката за обвинетиот Митко Пецев кој денеска по втор пат не се појави на ова рочиште. Неговите адвокати доставија потврда од доктор специјалист за скршеница на десеттиот пршлен по што му е укажано да мирува, а домот да го напушти само доколку е тоа неопходно.

,,Минатиот пат беше болест, сега скршеница на некој си пршлен, ова не е дозволиво, наредниот пат може ќе каже дека забременил, барам да се издвои постапката за обвинетиот Пецев”, рече Фетаи.Поради отсуство на обвинетиот, одбраната побара одложување на денешното рочиште.

Судот одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Митко Пецев и да се одржи денешната главна расправа.