Општина Гази Баба продолжува со интензивни мерки за чистење и дезинфекција на јавните површини во повеќе населени места

0
794

Општина Гази Баба продолжува со акциите за одржување на хигиената на јавните површини.  Денеска, меѓу останатото, ставивме акцент на спортските зони и верските објекти. Ги дезинфициравме и чистевме сите детски и спортски игралишта,  потоа фитнес зоната во парк шумата Гази Баба како и урбаната опрема на детското игралиште во ООУ Григор Прличев и црквите и џамиите кои се на територија на општина Гази Баба.

Сите месни и урбани заедници, пензионерскиот дом во Автокоманда, а започнавме со машинско чистење со мала и голема механизација обезбедена со помош на приватни компании кој  ја ставија на располагање за потребите на општината. Досега опфативме во Железара, Автокоманда и Ќерамидница мали сервисни улици, а од Трубарево до Дрма со голема механизација се чистеа и главните и сервисните улици. 

Извршивме и дезинфекција во просториите на Домот на културата “Димитар Влахов” во Автокоманда, библиотеката “Браќа Миладиновци” и објектот на УЗ Автокоманда.

Домот на културата “Димитар Влахов” согласно препораките во овој период е затворен и одложени се сите активности, a eкипи на ЈКП Гази Баба ќе извршат повторно дезинфицирање на објектот пред неговото повторно отворање.

Од општинското јавно комунално претпријатие извршија рачно чистење и на плочникот пред кино Маџари, како и целосна дезинфекција на урбаната опрема на овој јавен простор, а извршија и целосна дезинфекција на Сточниот пазар кој е времено затворен поради состојбата со корона вирусот.

И наредните денови продолжуваме со одржување на чистотата во општина Гази Баба, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и на Владата, со цел да се заштитат граѓаните и да се спречи ширење на корона вирусот преку јавните површини.