ПО ГАСНЕЊЕТО НА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ И ПОВРЕМЕНИТЕ ВРНЕЖИ, СЕ УБЛАЖУВА ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ, АНГЕЛОВ: СИТЕ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ДОБИЈАТ ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ И ВРШЕЊЕ АКТИВНОСТИ ВО ШУМСКИ ПРЕДЕЛИ

0
611

“Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП Македонски шуми ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми, само со однапред добиена дозвола” – изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Правните и физички лица од денес можат да добијат дозвола за вршење на своите активности во шумските предели.

Во моментот активни се четири пожари: над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река кон Јасен, во струмичко Василево и прилепското село Топлица.

“Во овој момент активен е пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај. Овој пожар трае 15-тина дена. Утрово на ова место дејствуваат два армиски хеликоптери, кои што се обидуваат да го изгаснат, но поради спецификата на самиот терен и вегетацијата, која гори односно корењата кои што се малку под земја и над нив има тресет, многу тешко оди гаснењето на овој пожар. Тој не претставува опасност за населените места и штета не е многу голема, бидејќи станува збор за нискостеблести растенија” – изјави директорот Ангелов.

Активен е и пожарот над селото Патишка река кон Јасен и се држи под контрола, а реактивиран е и пожарот во прилепското село Топлица.