Зоран Ставревски се појави на конференцијата во Скопје на УМС на ВМРО ДПМНЕ која е организирана заедно со младината на европските народни партии. На конференцијата Зоран одржал говор со кој им укажал на младите како да бидат силни лидери?!?!
Од снимките она што имавме прилика да слушнеме од него е дека се одмаздувал на свој млад асистент само затоа што решил да му даде отказ, па фаќал врски преку министерката за полиција како да му го загорчи животот, слушнавме и како му дава совети на градоначалникот на Прилеп да гази на врат и да врши политички прогон на опозициски бизнисмени во Прилеп, а слушнавме и како под лажно име купува станови, како крие узурпации во трезорот на министерството, како признава дека земјава се движи кон банкрот…
Тоа ли треба да научат од него младите во ВМРО ДПМНЕ и младите од европските народни партии?!?!