ДРАМА ВО ПРИЛЕП : Дрвокрадци ја нападнаа шумската полиција во Прилеп, има и повредени

0
1124

Околу 18 часот во ромската населба Тризла во Прилеп, нападнати се припадници на шумската полиција. Според информациите на порталот Револуционер, настанот се случил во близина на џамијата во изградба.

policija

Еден од припадниците на шумската полиција е со потешки повреди, фрактура на черепот, а останатите тројца се со полесни повреди по телото. Дрвокрадците успеале да го демолираат и возилото со кое што била шумската полиција.

Увидната екипа од полиција е излезена на терен и врши увид на местото на настанот, јавува Револуционер.