Иницијативен одбор : На Мицкоски му посакуваме брзо закрепнување и здрав и прав да даде отчет на конгресот

0
908

Од Иницијативниот одбор за организирање на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски му посакуваат што побрзо да закрепне од болеста Ковид 19.

Ивица Конески за Слободен печат не сакал да ја коментира понудата за широка коалиција на премиерот Зоран Заев.

„Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово. Во однос на било какви партиски ставови не би сакале да коментираме затоа што нашата цел е исклучиво успешна организација на наредниот конгрес и сплотување на партиското членство. Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години“, изјавил Коневски.

Христијан Мицкоски вчера објави дека е на Инфективна клиника, каде се лекува од компликации од коронавирусот.