СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧУВА КРЕДИБИЛНИ РЕФОРМИ, МОРА ЕУ ДА ДОЗВОЛИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ, ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ХОЛШТАЈН: НАША ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА Е ДА СЕ ИНТЕГРИРАТЕ ВО ЕУ ШТО ПОСКОРО

0
738

Германската амбасадорка Анке Холштајн како и другите странски дипломати во Скопје, изрази жалење за новата бугарска блокада на Македонија на патот кон ЕУ.

“Приоритет на Владата мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а ЕУ мора да стои на своите заложби. Пристапот “вие испорачувате, ние испорачуваме” мора да важи. Важно е пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија да започнат што е можно побрзо” – порача Холштајн на првиот Скопски економски форум.

“Германија останува силен поддржувач и ќе работи тоа да се случи. Идното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е наша заедничка визија и геостратешки интерес. Германија останува цврсто посветена на оваа цел” – изјави Холштајн.

Основата за подобра регионална соработка е довербата, а Берлинскиот процес се покажа како корисен за позитивен развој на регионот.