НЕФЕР Е ТОА ШТО ЕУ НЕ ДОЗВОЛИ ДОЗВОЛИ ПРЕГОВОРИ СО АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ВУЧИЌ: ЌЕ ЈА ЗАСИЛИМЕ СОРАБОТКАТА ВО МИНИ-ШЕНГЕН ЗОНАТА

0
157

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека му е жал што ЕУ не им дозволи на Албанија и Северна Македонија почеток на преговорите и дека не е фер кон тие земји и нивните граѓани.

“Сметам дека е нефер и кон Тирана и кон Скопје, како и кон граѓаните и луѓето што ги водат тие земји. Тие ќе имаат искрен пријател во Србија и ќе ја подобриме соработката со нив. Верувам дека ќе донесеме конечни одлуки за заедничко дејствување против природни катастрофи и дека заеднички ќе обезбедиме што побрз проток на стоки, капитал, луѓе и услуги, и преку фитосанитарни и ветеринарни инспекции на граничните премини и други модалитети” – рече Вучиќ.