ОТКАКО ДАНЕЛА НЕ ГО ПОКАНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА НА НАСТАН ВО ОПШТИНАТА, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ЌЕ ЈА БОЈКОТИРААТ ДАНЕЛА, СКОПЈАНИ ЌЕ СТРАДААТ ОД ПРЕСМЕТКАТА МЕЃУ МИЦКОВСКИ И ДАНЕЛА!

0
600

Скопската градоначалничка денеска промовираше проект во Општина Гази Баба кој, како што посочија од ВМРО-ДПМНЕ, бил поддржан од советничката група на партијата, но на презентирањето не бил поканет градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски, во чија соработка е проектот. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ најави најави дека нејзините градоначалници нема повеќе да присуствуваат на ниту еден настан на Арсовска

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека градоначалничката Данела Арсовска денеска промовирала проект во Општина Гази Баба кој бил поддржан од советничката група на партијата, а оти на презентирањето не бил поканет градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски, во чија соработка е проектот.

Поради тоа, но и поради несоодветната комуникација на Арсовска и неисполнувањето на ветеното од програмата „За модерно Скопје“, ВМРО-ДПМНЕ најави оти градоначалниците од партијата повеќе нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката.

„Поради немањето соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за доброто на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата ‘За модерно Скопје’, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвираност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска“,

посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Нека ѝ е честита новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски, се додава во реакцијата на партијата.

Претходно денеска скопската градоначалничка информира дека е извршен увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Перо Наков“ во општината Гази Баба.

„Денес извршивме увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата ‘Перо Наков’ во Општината Гази Баба. По неколку децении негрижа, денес започнуваме со реконструкција на улицата Перо Наков, тука во општина Гази Баба. Рокот за изведба на овој проект е четири месеци, а градот Скопје е целосен инвеститор со 47 милиони денари. Барањето за реконструкција на оваа улица, како децениски проблем беше истакнат од граѓаните на Скопје кои живеат во овој дел на градот. Со овој проект се решаваат секојдневните тешкотии во сообраќајот на преку 10.000 граѓани од месните заедници во Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1. Освен промена на асфалтот, се реконструираат и рабниците, ќе се постави ново зеленило, а ќе бидат реновирани и автобуските постојки“,

истакна Арсовска.