Министерот Спасовски се сретна со шефот на канцеларијата за врски на НАТО, Бартол

0
918

Решеност за спроведување  реформи во Министерството за внатрешни работи, за тоа да се департизира и декриминализира и да им се даде можност на професионалците да си ја вршат својата работа.

Тоа го потенцирал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, морнаричкиот капетан Горазд Бартол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На средбата Бартол му го честитал изборот на министерот Спасовски, му посакал успешна работа и понудил помош за реформите во Министерството.

Министерот Спасовски се заблагодарил на честитките и изразил надеж дека соработката со НАТО ќе се зголеми за остварување на клучниот приоритет на Република Македонија-членство во НАТО и Европската унија.