ГАЗИ БАБА ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА РАЗЛОГ, БУГАРИЈА

0
893

Општина Гази Баба со нови меѓународни пријатели. Заедно со дел од членовите на Советот на општината и членови на општинската администрација сме во официјална посета на општината Разлог, Република Бугарија.

Со мојот колега градоначалникот на општина Разлог, Красимир Герчев, потпишавме меморандум за соработка помеѓу двете општини во делот на стопанството, туризмот, образованието, културата и спортот. Заеднички двете општини во иднина ќе соработуваме на овие теми споделувајќи ги нашите искуства.