Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер на сите времиња откако успеа да стигне до рекордната 24. гранд-слем титула. Тој во финалето на последниот гранд-слем турнир во сезоната славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3.
Српскиот тенисер направи брејк уште во првиот сервис гејм на Медведев и сето тоа беше доволно за освојување на првиот сет со 6-3.
Медведев конечно во вториот сет ја заигра својата игра што значеше долги поени и многу борба. Сетот замина во тајбрејк кој Ѓоковиќ успеа да го освои со 7-5 по 1.45 час игра.
Во третиот сет само рутински ја заврши целата работа за четвртта титула на Флешинг Мидоуз и 24. грандслем со кој се израмни на вечната листа со легендарната Маргарет Корт.